ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ЗА ЕКИПАТА НА ЕЛМАС! Наполи загуби клучен играч пред четврт-финалето од Лигата на шампионите

Наполи ќе биде значително ослабен во првиот четврт-финален натпревар од Лигата на шампионите против Милан. Имено, тој натпревар поради повреда ќе го пропушти нивниот најдобар напаѓач Виктор Осимхен.

Оваа сезона Осимхен постигна 25 гола за Наполи на 29 натпревари во сите натпреварувања. Поради повреда на адукторот ги пропушти последните два натпревари во Серија А, а Наполи се надеваше дека ќе биде подготвен за пресметката во Лигата на шампионите. Сепак, денес беше потврдено дека Осимхен нема да игра против Милан, а тоа беше еден од противниците против кои не играше поради оваа повреда во последните два натпревари. Пред 10-ина дена екипата на Милан беше подобра од Наполи со резултат од 4:0.

Инаку, Осимхен во Наполи дојде од Лил во последниот ден од преодниот трансфер рок во 2020 година за 75 милиони евра. Со одличната сезона, овој 24-годишен Нигериец заинтригира многу европски клубови, па на големо се зборува дека негова следна дестинација би можеле да бидат ПСЖ, Баерн Минхен или Манчестер Јунајтед.