ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ЗА СРБИЈА – НБА шампионот донесе конечна одлука: Никола Јокиќ нема да игра на СП во кошарка за Србите!
Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ, НБА шампион и МВП на финалето од претходната сезона, нема да биде дел од репрезентацијата на Србија на претстојното Светско првенство!
Иако во текот на претходните недели постоеше надеж дека најдобриот НБА играч може да се појави во дресот на националниот тим, во тоа веќе нема никаков сомнеж.
Како што дознава весникот Mozzart Sport, Никола Јокиќ одлучил да не го игра Светското првенство во Јапонија, Индонезија и Филипини, каде Србите ќе се обидат да обезбедат пласман на претстојните Олимписки игри во Париз.
Според овој српски весник, челниците на Кошаркарскиот сојуз на Србија со денови го убедувале Никола Јокиќ, а во акцијата бил вклучен и Богдан Богдановиќ кој е нов капитен на српската репрезентација.
Сепак, немало успех, бидејќи одлуката на Никола Јокиќ летово да не игра за репрезентацијата е конечна.
Селекторот на Српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, во понеделник од 16 часот ќе го објави проширениот список на тимот.