ГОЛЕМ РУСКИ НАПАД НА КИЕВ! По претзорните сирени на десетици ЕКСПЛОЗИИ, главниот град под напад на БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИЛНИЦИ, објави КЛИЧКО

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека најмалку 13 лица се ранети во рускиот ракетен напад врз главниот град на Украина.

Киев пост објави дека две лица се хоспитализирани.

Се вели дека сирените за воздушен напад се активирале во раните утрински часови и градот бил потресен од балистички проектили.

Во околината и внатре во Киев пред зори се слушнаа последователни експлозии, додека акциите на украинската воздушна одбрана (ПВО) продолжуваат.

Киев Индепендент ја пренесува изјавата на Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев, дека меѓу ранетите во областа Шевченковски има и дете.

Се наведува дека во нападот биле оштетени станбени згради, како и градинка, деловен објект, градска инфраструктура и возила.

Спасувачките служби се испратени на местата на нападите, а степенот на штетата се уште се утврдува, бидејќи ударите се уште не се завршени.

Украинските воздухопловни сили објавија дека руските сили почнале да лансираат балистички ракети Кинжал во текот на ноќта.

Украина, Киев

Вооружените сили на Украина предупредија на опасност од руски ракетни напади низ целата земја.

Се вели дека Кличко објавил дека серија експлозии одекнале во Киев околу пет часот наутро.

Новинарите на Киев Индипендент јавуваат дека слушнале повеќе од десетина од нив во самиот град.

– Во областа Подилски избувна пожар во трансформаторска трафостаница, како и во двокатна зграда што не се користи за домување – рече Кличко.

Украина, Киев

Тој изјави дека се запалил и покривот на станбена зграда во тој дел на Киев.

Во квартот Свјатошински, во рускиот напад оштетени се детска градинка и две станбени згради на девет ката.

– Погодена е и станбена зграда во населбата Шевченковски – рече Кличко и додаде дека жителите се евакуираат од запалената зграда.

Во тој дел на Киев горат и автомобили, па се испратени пожарникари да го изгаснат пожарот.

Украинските медиуми јавуваат дека Русија редовно користи борбени беспилотни летала, повеќецевни ракетни системи, како и хиперсонични и балистички ракети за напад на украински цивилни цели, особено во граничната област која ги опфаќа регионите Суми, Харков, Доњецк и Луганск.

Се вели дека Русија, и покрај бројните визуелни докази, сè уште негира дека го користи ова оружје за напад на цивилни области.

Се потсетува дека руските сили ги нападнаа Киев и регионот Киев во неколку масовни ракетни напади во текот на изминатата зима, а последниот голем напад беше на 7 февруари.