Германската Бундесбанк објави дека забележала загуба за првпат од 1979 година, а како причина го наведува зголемувањето на клучните каматни стапки од страна на Европската централна банка.
Германската Бундесбанка забележа рекордна загуба во 2024 година поради каматната политика на Европската централна банка (ЕЦБ). Станува збор за 19,2 милијарди евра, како што соопшти оваа банкарска институција.
„Ова значи дека финансиски неспоредлив приход за федералниот буџет повторно е изгубен – како што беше случај во претходните четири години“, пишува АРД.
Претседателот на Бундесбанк Јоаким Нагел, презентирајќи го годишниот финансиски извештај, рече дека врвот на годишните оптоварувања веројатно поминал, но дека може да се очекуваат турбуленции во наредниот период.
Федералното министерство за финансии со години предвидуваше профит од 2,5 милијарди евра за Бундесбанк.
Тој профит порасна на 5,85 милијарди евра во 2019 година. Последната загуба на билансот се случи пред 45 години. Таа година, 1979 година, Бундесбанката пријави дефицит од нешто повеќе од 2,9 милијарди евра.