ГОЛЕМ УДАР ЗА УКРАИНА – Володимир Зеленски сериозно ја налути Полска: “Веќе нема да испраќаме оружје, сега ќе се вооружуваме ние!“
Односите меѓу Полска и Украина би можеле дополнително да се заострат по вечерашниот говор на полскиот премиер Матеуш Моравјецки на телевизијата Polsat, каде што тој најави дека неговата земја ќе престане да ја вооружува Украина.
Имено, Министерството за надворешни работи на Полска денес упати остар протест поради коментарите на Володимир Зеленски дадени на Генералното собрание на ОН. Володимир Зеленски, всушност, кажа дека „политичкиот театар“ околу увозот на жито – што Полска, Унгарија и Словачка го забранија од Украина – само и помага на Русија.
Матеуш Моравјецки претходниот ден зазеде уште поостар став.
„Украина се брани од брутални руски напади и јас ја разбирам таа ситуација, но мораме да ја заштитиме нашата земја. Повеќе нема да испраќаме оружје во Украина бидејќи сега ќе ја вооружуваме Полска“, објави тој на својот профил на социјалната мрежа Х (Твитер).
„Испраќаме предупредување до Киев да не свири такви ноти, кои веднаш беа подигнати од т.н. руски тролови. Провокаторите сега се среќни што се посеа семето на раздор меѓу нашите земји“, нагласи тој.
На прашањето за односите со Украина, премиерот на Полска одговорил:
„Би рекол дека односите меѓу Полска и Украина се на ниско ниво по неодамнешните изјави на највисоките функционери и претседателот на Украина. Дефинитивно не поддржуваме такви изјави“, потенцираше тој.
Тој, исто така, го потсети претседателот Володимир Зеленски дека тој лично заминал во Берлин неколку дена по почетокот на инвазијата на Украина и ја праша тамошната Влада за петте илјади шлемови што Германија ги испрати во Украина во јануари 2022 година.
„Ги прашав дали тоа е шега“, коментира тој.
„Изјавите на Киев ги доживуваме како двојна неправда и остро ги отфрламе. Затоа, нашиот министер за надворешни работи отиде да и каже на Украина дека Полска секогаш ќе ги брани своите интереси кога станува збор за земјоделството. Јасно испратив порака до Европската комисија, но и до Киев: Или ќе добиеме продолжување на ембаргото за увоз на жито или ќе го воведеме самите“, вели Матеуш Моравјецки.