ГОЛЕМ ШУМСКИ ПОЖАР ВО АРГЕНТИНА: Се поблиску до познатото одморалиште, уапсен е млад човек (27) (ВИДЕО)
Стотици граѓани се евакуирани од своите домови во централната аргентинска провинција Кордоба по ширењето на шумските пожари поради силниот топлотен талас.
Сликите и видеата од областа покажуваат пламен ѕид кој се движи кон одморалиштето Вила Карлос Паз во долината Пунила во регионот на Кордоба. Таму живеат околу 56.000 жители. Вкупно 960 пожарникари учествуваат во гаснењето на шумските пожари со осум противпожарни авиони и два хеликоптери, соопшти вчера покраинската влада.
„Го повикувам населението да ги почитува упатствата на пожарникарите и властите кои работат во погодените области“, напиша гувернерот на Кордоба на социјалните мрежи.
„Најважно е да се спасат животи, каде и да е потребна евакуација, таа ќе биде спроведена.
Според аргентинската Национална служба за управување со пожари, во вторникот имало пет активни шумски пожари во регионот.
Улисес Карате (27) е приведен и обвинет дека во понеделникот попладне подметнал пожар во област во близина на градот Вила Карлос Паз.
Наводно, Карате на полицијата и рекол дека запалил камперски оган за да свари кафе и дека огнот излегол од контрола. Покраинската влада соопшти дека испратила камиони со вода за пиење, храна и друга помош во погодените области.
„Бараме да се преземат најголеми превентивни мерки бидејќи временските услови се неповолни“, напишаа на социјалните мрежи владата на Кордоба и министерот за безбедност.