Голите фотографии предизвикуваат возбуда, но зошто ги споделуваме !? Еве што кажува ова за вас: “Постојат две причини…“

Експлицитните фотографии претставуваат табу тема која предизвикува контроверзии во општеството. 

Додека некои не гледаат ништо лошо во нив, други се плашат од нив. Познато е дека славните личности често се згрозуваат кога нивните голи и провокативни фотографии ќе ја здогледаат светлината на денот, но зошто воопшто имаме потреба да ги испратиме ?  Дали испраќањето вакви фотографии ни кажува нешто ?

Испраќањето експлицитни пораки, фотографии или видеа преку мобилен телефон или друг уред е познато како „sexting“. Создаден е како соединение од зборовите „sex „texting“, односно кореспонденција и значи кореспонденција со цел да предизвика возбуда. Развојот на мобилни телефони со камери придонесе оваа практика да се прошири низ целиот свет и не требаше многу време пред да се појави „темната“ страна на испраќањето голи фотографии.

Психолозите објаснуваат дека постојат две варијанти во кои луѓето ќе се допишуваат на овој начин. Првата е во фазата на „флертување“, кога сакате да ја заинтрегирате другата страна и на кој било начин да освоите. Во втората, експлицитни фотографии и видеа испраќаат парови кои се веќе во врска, обично долга, покажуваат истражувањата. 

Психолозите наведуваат дека паровите се чувствуваат несигурно или сакаат да му угодат на партнерот, или затоа што мислат дека повеќе не се привлечни или затоа што сакаат да задоволат, на пример после кавга. Причините се јасни – сакате да му дадете до знаење на партнерот дека едвај ја чекате следната средба, дека ве привлекува и дека се ќе „пукне од искри“ кога ќе се видите.

Друга важна причина поради која паровите се одлучуваат за ваква комуникација е поврзана со нашиот живот на Интернет, односно нашата зависност од паметните телефони. Кога испраќате гола фотографија, тоа обично не е првата што сте ја направиле, сте фотографирале неколку и потоа ја избирате најдобрата, исто како кога објавувате фотографии за Инстаграм или Фејсбук. Вие сами избирате како изгледате на фотографијата што ќе ја направите и на тој начин се чувствувате како да ја испраќате најдобрата фотографија од себе, буквално.