Голи гради, а околу вратот ланчето на принцезата Дијана! Ким направи хаос – исцртани атрибути, фустанот пукна по рабовите
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (44) се појави во провокативна облека во саботата вечерта на галата LACMA Art + Film, еден од најважните настани во холивудската година.
Овој настан собра бројни ѕвезди од јавниот свет, а меѓу најистакнатите гостинки беше Ким Кардашијан , која со својата модна комбинација направи изненадувачки моден избор, но најголемо внимание привлече ланчето со интересно потекло. Ким заслепуваше во долг бел деколтиран фустан кој одлично ја обликуваше нејзината фигура, откривајќи ги нејзините бујни гради.
Посебно внимание привлече нејзиниот впечатлив ѓердан со Крстот на Аталах, приврзок направен од аметист, злато, сребро и дијаманти, кој често го носеше принцезата Дијана . Ѓерданот му припаѓал на палестинско-британскиот бизнисмен Неим Аталах, кој често и го позајмувал на Дијана за специјални пригоди.
Дијана го носеше за прв пат на хуманитарен бал во Лондон во 1987 година, а потоа и на други настани. Овој голем крст од аметист, поставен на бисери, е направен во 1920-тите од една позната луксузна куќа.
Ким го купи ѓерданот минатата година за 197.453 долари, двојно повеќе од нејзината проценка пред аукцијата. Заедно со ланчето носеше и дебел бисерен чокер кој дополнително ја нагласи драматичноста на нејзиниот изглед. Стајлингот го заокружи со бели сандали со прерамки и предимензиониран бел капут кој лежерно и паѓаше од рамениците како наметка.