Горан Герасимовски: “Службите се подготвени за евентуално невреме, граѓаните да бидат внимателни“

Поради можноста од појава на интензивни поројни врнежи во текот на попладневните и вечерните часови, кои на места се очекува да бидат проследени со невреме, ги предупредуваме граѓаните на внимателно движење“, соопштија попладнево од Општина Центар.

Оттаму истакнуваат дека членовите на Штабот за заштита и спасување се во комуникација и координација, а општинските служби ја следат состојбата и спремни се да одговорат со сите расположливи ресурси на терен.

Упатувам апел до граѓаните да бидат претпазливи и да внимаваат во периоди на поројни дождови. Избегнувајте движење надвор додека трае невремето, затворете ги прозорците и доколку во вашиот објект протекува, соодветно обезбедете го“, вели градоначалникот Горан Герасимовски во пишана изјава.