Горан Иванишевиќ со една реченица одговори на прашањето за повредата на Новак Ѓоковиќ: “Ќе одмориме неколку дена, а потоа…“
Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ, проговори за повредата на српскиот тенисер.
Новак Ѓоковиќ се пожали на повреда на десната рака, најпрвин на натпреварот против Јиржи Лехечка во вторникот, а потоа и во средата на дуелот со Алекс де Минор.
Српскиот тенисер не можеше да одигра на најдобро ниво, ниту блиску до најдобро ниво, па поради тоа загуби од тенисерот на 12. место на АТП листата.
За време на двомечот меѓу Србија и Австралија, Горан Иванишевиќ беше прашан за повредата.
„Не е толку лошо, ќе одмориме неколку дена, а потоа ќе се подготвиме за Мелбурн“, изјави славниот тенисер најавувајќи дека Новак Ѓоковиќ треба да биде целосно подготвен за Австралија Опен.