Гордана Димитриеска Кочоска и Владимир Ѓорчев на средби со граѓани во рамки на теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ – “Ова е Македонија за сите“

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ викендов во рамки на теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Ова е Македонија за сите“ остварија средби со граѓани.

Слушнавме министерот за финансии кажа сега ќе ваделе граѓанска обврзница на 50 милиони евра. Значи нив им треба 50 милиони евра да обезбедат од граѓаните за да го финансираат нивниот криминал. Ништо друго освен да го финансираат криминалот“, истакна потпретседателката Кочоска при вчерашната посета на населени места како дел од теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ, „Ова е Македонија за сите“.

Димитриеска Кочоска додаде дека секојдневно граѓаните гледаат и сведоци се дека освен криминал и корупција власта ништо добро не прави за населението.

Е, сега покрај тоа што сакаат да ги земат парите од граѓаните односно да се прелеат од банките во министерство за финансии, поголем проблем со ваквата одлука или мерка, како и да ја наречеме, е тоа што они ќе влијаат на поскапувањето на сите кредити кои што ги има населението. Јас не познавам куќа во која што барем еден потрошувачки кредит нема“, појасни таа.

Димитриеска Кочоска посочи дека сите кредити ќе поскапат бидејќи власта ќе може да влијае на поскапувањето на кредитите.

Добар ден на сите од Негорци, општина Гевгелија. Одиме од место до место, од село до село, од човек до човек. Денес шест села во гевгелиска општина, а следната и наредниве недели ќе имаме посети на општините Валандово, Дојран, Богданци. Затоа што треба да ја вратиме надежта во Македонија, затоа што Македонија мора, мора да се исправи од оваа ситуација во која што ја доведоа со своите катастрофални политики Таче Ковачевски, Стево Пендаровски и Зоран Заев“, порача Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со граѓаните.

Тој додаде дека граѓаните се незадоволни од економијата државните прашања, националните прашања, социјалата,образованието и здравството.

Тука сме да кажеме дека народот е незадоволен од економијата, од државните прашања, од националните прашања, од образованието, здравството и социјалата. Тука сме да кажеме силно против коруптивните политики на СДСМ и ДУИ. Затоа продолжуваме мотивирани, обединети, сплотени и сложни. Затоа што Македонија заслужува човек да се бори за неа, затоа што Македонија, како многу, многу пати во својата историја, ќе се исправи. Затоа што ова, ова, браќа и сестри, ова е Македонија“, нагласи Ѓорчев