Ѕвездата на „Истанбулската невеста“ се ожени за 23 години помлада модна дизајнерка (ФОТО)

Турскиот актер Озџан Дениз (50) се ожени со модната дизајнерка Самар Дагдар (27), која е 23 години помлада. Врската ја започнаа на почетокот на 2021 година, а се венчаа на крајот на јануари. Тие моментално уживаат на меден месец во Дубаи.

Самар е 27-годишна модна дизајнерка од Иран. Дениз е турски актер, кој многумина го паметат по улогата на Фарук во серијата „Истанбулска невеста“.

Актерот е познат по турбулентниот живот. Во 2018 година тајно се ожени со Фејза Денис со која доби дете. Тие се разведоа една година подоцна и имаа долга битка за старателството над нивниот син Кузеј.

– Се гледам со син ми четири пати месечно. Тоа не е доволно ниту за мене, ниту за мојот син. Десет дена се немам слушнато со него. Денеска му е роденден и не можам ниту да го видам ниту да го слушнам. Барам судот да ми додели апсолутно старателство над него. Тоа ми го уништува животот, не можам повеќе вака, му рекол актерот на обвинителот, пренесоа турските медиуми.

Судот и додели старателство на мајката, но го зголеми бројот на денови што актерот може да ги помине со својот син.