Меган Фокс објави фотографии во бикини и покажа совршени пропорции: Никогаш не сте изгледале поздраво

Меган Фокс на својот Инстаграм профил сподели фотографии во минијатурни бикини, а објавата за само еден час доби над милион лајкови.

Она што на луѓето особено им се допадна на овие фотографии е тоа што изгледа дека Меган не користела фотошоп или некоја од другите апликации за уредување фотографии на кои редовно прибегнуваат познатите и не толку познатите.

Свршеницата на контроверзниот музичар Machine Gun Kelly позираше легната на каучот, а своето тело го фотографираше од птичја перспектива, истакнувајќи ги нејзините совршени пропорции.

„Никогаш не сум те видел толку здрав, блескаш“, „Убава си“, „Мило ми е што објави нешто без тежок фотошоп“, се дел од коментарите.

Инаку, Меган Фокс неодамна се појави на забава организирана од магазинот Sports Illustrated во деколтиран фустан и започна многу гласини дека направила естетска операција.