ГОРИ ТОВАРЕН БРОД СО 3.000 АВТОМОБИЛИ: Има мртви, неколку повредени! Во тек е спасување на членовите на екипажот

Едно лице загина, а неколку други се повредени во пожар што избувна на товарен брод северно од холандските западнофризиски острови, соопшти холандската крајбрежна стража.

Спасувањето на 23 членови на екипажот е во тек.

Неколку од нив скокнале во водата, но биле пронајдени од крајбрежната стража.

Товарниот брод превезувал 3.000 автомобили од Германија до Египет.