СВР Тетово соопштува дека вчера било пријавено дека во близина на автопатот Гостивар-Тетово изгорела фабрика во која е повредено едно лице.
„Вчера (09.11.) во 14.30 часот во СВР-Тетово е пријавен пожар кој бил предизвикан во фабрика во Седларце во Горно Тетово, во близина на автопатот Гостивар-Тетово. Фабричкиот работник С.И.(35) од Боговина при гаснење на пожарот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош.
Во овој пожар изгореа суровини за производство и дел од опремата на фабриката, а со интервенција на Територијалната единица на тетовските пожарникари пожарот целосно е локализиран. Увид извршила полициска екипа од СВР-Тетово“, се наведува во соопштението.