Горушица: 7 намирници кои ја гасат „огнената“ болка

Горушица е симптом на болест во дигестивниот систем или несоодветна исхрана, која е придружена со непријатно чувство на печење и болка зад градната коска. За среќа, има олеснување и за неа, а тоа доаѓа во форма на овие намирници.

1. Чај од ѓумбир

Исчистената грутка ѓумбир (со големина на палецот) сварете ја во вода, оставете ја да отстои десет минути, па испијте ја. Овој напиток е ефикасен против разни видови воспаленија, а ќе ја смири и горушицата.

2. Банани

Ако чувствувате симптоми на горушица, јадете банана. Ова тропско овошје содржи минимални количини киселини, па затоа го штити и смирува иритираниот стомак.

3. Бадемово млеко

Оваа здрава алтернатива на класичното кравјо или козјо млеко помага да се неутрализираат киселините во желудникот. Направете смути со бадемово млеко, во кое задолжително додадете јагоди, банани и спанаќ.

4. Овесни снегулки

Вознемирениот стомак сака храна богата со диетални влакна како овесната каша. Започнете наутро со сад со снегулки кои ќе ви дадат енергија за денот и ќе ја изгаснат секоја можна болка.

5. Коморач

Во топла вода ставете две лажици семе од коморач. Оставете да отстои половина час, зачинете со мед и испијте. Веќе нема да знаете за горушица.

6. Кефир и алое вера

Помешајте лажица сок од алое вера со кефир и изедете ја за појадок. Ова е одлична комбинација која го смирува дигестивниот систем, а воедно е и доста вкусна.

7. Зелен лиснат зеленчук

Тешко е да погрешите со зеленчукот. Јадете што е можно повеќе зелен лиснат зеленчук, како брокула , аспарагус, целер и карфиол, кои содржат малку киселина и се добри во борбата против киселината.