„Госпоѓо, вашиот сопруг е геј“: Младоженецот среде свадбата „одлепил“ по згодниот фотограф! Кога му пришол, сиот се „стопил“ – глетка која не сака да ја доживее ниту една жена
„Девојко, разведи се што побрзо“, наместо честитки до оваа млада жена, тие ги испраќаат овие пораки откако било објавено видеото од нејзината свадба. Во тоа видео, нејзиниот младоженец не можел да скрие колку му се допаѓа фотографот кој го најмиле за венчавката. Бакнежот кој му го упатил открил вистина која требало да излезе на површина многу порано.
Фотографирањето на младенците било во тек. Невестата требала да го бакне младоженецот, а фотографот да го забележи тој момент. Но, младоженецот изненадил.
Човекот зад објективот ѝ сугерирал на невестата како да го бакне нејзиниот сопруг, а кога таа не успеала да го направи тоа како што сакал, тој на крајот пришол кон младоженецот и го бакнал.
Оженетиот маж целосно се стопил поради бакнежот, блеснал, се возбудил, па дури и ги загризал усните по блиската средба.
„Повеќе му се допадна бакнежот од мажот отколку од невестата, и очите дури ги затвори“, „Наскоро ќе биде многу изненадена кога тој ќе излезе од плакарот“, „Кој ќе ѝ каже?“, „Младоженецот мислеше дека ќе добие бакнеж во уста, ги затвори очите и тоа го замислуваше“, „Не можам да го обвинам, фотографот е толку згоден“, „Изгледаше многу посреќно кога му пријде маж“, „Младоженецот е многу посреќен со маж“, „Беше подготвен да се бакнува со него во уста“, коментираат гледачите на ова видео на Инстаграм и додаваат дека венчавката се одржала во Египет и дека таму е вообичаено да се крие вистината за сексуалноста.
Го споредуваат расположението на младоженецот кога е невестата до него и кога мажот е во негова близина, разликата е очигледна.
„Госпоѓо, вашиот сопруг е геј“, се коментарите упатени кон невестата и додаваат дека секој треба да биде искрен за својата сексуална ориентација, пред сè поради себеси, а потоа и поради луѓето во својот живот. Нема корист од лажење и криење, само штета и незадоволство затоа што секој треба да живее како што сака, со цел да биде среќен.