“ГОСПОЃО, ЗНАЕВМЕ ДЕКА БЕБЕТО Е ГОЛЕМО, НО ОВА НЕ ГО ОЧЕКУВАВМЕ!“ – Докторите од соседна Србија останале во шок и неверување откако го ставиле ново-роденото бебе на вага: “Ова е рекорд!“

Бебе тешко над шест килограми се роди во саботата во породилиште во областа на Горњи Михољец во соседна Србија. Мајката Сузана Кучина (27 г.) со царски рез родила нејзиниот син тежок 6.420 грама и долг 68 сантиметри.

Гинеколозите д-р. Драган Перишиќ и д-р. Владислав Васиќ, кои ја породиле мајката, велат за соседните медиуми дека ова е едно од најголемите бебиња во нивната медицинска кариера.

Жената е родена со царски рез, знаевме дека детето е големо, но не очекувавме толку големо бебе. Најважно е што се помина добро и дека и мајката и бебето се добро. Според моите постари колешки, ова е најголемото бебе во нашето породилиште. Ова за нас е сепак мал рекордер бидејќи тежи 6.420“, изјавил д-р. Владислав Васиќ за GMinfo.

Мајката се чувствува добро, бебето исто така. Инаку, ова и е трето дете. Ако се биде добро, за пет дена ќе излезе од болница“, велат од породилиштето и потврдуваат дека толку големи бебиња не се често се раѓаат, пишуваат соседните медиуми.