Гоце Трајковски, сведок на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жезовски, се предаде на полицијата

Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци во судскиот процес за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жезовски, кој беше во бегство и беше осомничен дека запалил кафуле, денеска се предал во полициската станица во Кисела Вода, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По него беше распишана потерница.

Тој требаше да сведочи за неговата улога во потрагата по Вања на 15 ноември, но не се појави на суд поради напади на паника.

Трајковски, еден од клучните сведоци, заедно со таткото собирале видео снимки и преземале активности за пронаоѓање на детето. Подоцна Обвинителството на конференција дозна дека и тој има статус на осомничен за подметнување пожар, бидејќи според податоците од таму, на 13 ноември заедно со уште три лица запалил кафуле лоцирано во зграда во Кисела Вода.