„ГО ДРЖЕА под рака за да не падне“ Се појави снимката на која се гледа како на Дино Мерлин му помага тимот за брза помош

На пејачот Дино Мерлин му се слошило во неговата продавница во Башчаршија, а брзата помош дошла да го земе, јавуваат хрватските медиуми.

Според извештаите, итната помош дошла во неговата продавница, а по кратко време тој излегол со нив и веднаш го однеле во болница.

Според неговиот ПР тим, Дино сега се чувствува подобро.

Пејачот го изнесоа од продавница држејќи го за рака за да не падне, едвај оди, а хрватскиот портал 24sata.hr на Инстаграм ја објави снимката од неговото носење во болница.

  • Јас и мојот пријател седевме во паркот спроти неговата продавница. Потоа видовме брза помош, влегоа во неговиот дуќан, а не долго потоа излезе со нив – изјави за 24сата.хр еден од очевидците.
  • Изгледаше многу лошо, едвај оди. Јас живеам овде, па често го гледам, одвреме-навреме доаѓа во неговиот дуќан – раскажала личноста која видела како Дино го изнесуваат од продавница.

Да потсетиме, пејачот еднаш откри детали од својот живот како гостин во една емисија која ја остави целата јавност без зборови, со грутка во грлото, а ретко кој успеа да ги задржи солзите слушајќи ја шокантната исповед на Дино Мерлин.