Видеото како молња се прошири на социјалните мрежи.
Најдобриот фудбалер на сите времиња, Кристијано Роналдо и неговата емотивна партнерка, атрактивната Џорџина Родригез , моментално уживаат на одмор со своите деца, а со едно видео привлекоа големо внимание и предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи.
Станува збор за снимка од сауна каде убавата Герогина прво прави вежби за затегнување на задникот, која е во преден план, а потоа Кристијано ја продолжува вежбата, кој „паѓа во кадар“ и веднаш привлекува внимание.
Иако коментарите се различни и повеќето се прашуваат што прави познатиот пар, јасно е дека и двајцата покажуваат вежби за истегнување, особено ако се земе предвид дека не прескокнуваат ниту еден ден од тренинг и поминуваат часови и часови во теретана, дури и на одмор, поради што имаат исклучително затегнато тело.
И двајцата се во жешки изданија, а интересно е што многумина коментираат како Роналдо ги „средува гаќите“.
Видеото досега собра 5 ипол милиони прегледи, а погледнете зошто привлекоа толку големо внимание.
Погледнете и како славниот пар ужива на одморот.