Го запали Инстаграм со разголена фотографија: Иако има 58 години, познатата манекенка сака да позира провокативно и покрај тоа што сите ја нарекуваат „престара“

Поранешниот супермодел Паулина Поришкова во април го прослави својот 58 роденден, но и денес може да се пофали со сјаен и сосема природен изглед. Таа е многу гласен поддржувач на природното стареење, но во исто време се залага жените во постарите години да добијат можност да ја изразат својата сексипилност без да бидат етикетирани како премногу „стари“ за тоа.

Прославената манекенка Паулина Поришкова еден ден по нејзиниот 58 роденден, на Инстаграм сподели фотографија на која позира целосно гола. Паулина го покажа своето тело во полн сјај, иако вешто ги криеше најинтимните места – ги покри брадавиците со раце и плишана играчка, додека чаршафот го стави преку меѓуножјето.

На оваа слика таа позираше без нанесување на шминка, со јасно видливи брчки и со нејзината природна, малку разбушавена коса во која доминира седата коса. Паулина ни покажува дека стареењето не е дух и дека зрелите години имаат свој шарм, бидејќи се полни со искуство и самодоверба.

Убавата Чехинка често објавува вакви фотографии, се во желба да ги разбие табуата, да ја покаже вистинската, реална страна на животот и да ги мотивира своите врсници да се прифатат и да се сакаат во сите нивни состојби и изданија. Инаку, таа во неколку наврати истакна дека сака да се разголува и така да се фотографира, и покрај оние кои сметаат дека постарите жени не треба да го слават и сакаат своето тело.

Кога имав 20-ти и 30-ти години, колку помалку носев облека, толку бев попопуларна. Во 40-тите, практично можев да се шетам гола и да не добијам повеќе од минималната казна за инцидент во јавност. Но, во 50-тите ме навредуваат за се: „Облечи се, бабо“, „Сакаш внимание, нели?“, „Малку си очајна?“, „Мизерна си“, напишала атрактивната русокоса и додаде:

Зошто голотијата и да се биде секси се добредојдени во младоста на жената, а забранети во нејзините зрели години? Поради мажите. Но, единственото нешто што е патетично овде е што дозволувате другите да ви ги одредуваат приоритетите…”, заклучила таа.