Го изгубила дијамантот на аеродромот, а потоа се случил пресврт: Четири работнички направиле нешто незамисливо
Жената доживеала кошмар откако се вратила од службено патување. Додека го земала багажот, раката ѝ се заглавила помеѓу куферот и транспортната лента. Инстинктивно го повлекла назад – не сфаќајќи дека ќе изгуби нешто бесценето.
Дури кога се вратила дома сфатила дека ѝ недостасува сеќавањето на цел живот и без двоумење се вратила на меѓународниот аеродром во Питсбург . Сепак, немала среќа.
Очајна, скршена и безнадежна
Во очајничката потрага, на Ејприл Шмит ѝ помогнале работници од одделот за одржување – Том Рирдан, Стив Туркали и двајца нивни колеги.
Тие поминаа повеќе од еден час пребарувајќи го секој сантиметар, но без успех. Жената го напушти аеродромот целосно очајна, скршена и без надеж.
Што изгубила? Дијамантот од вереничкиот прстен што нејзиниот сопруг ѝ го подарил во 1992 година.
„Вратена вербата во човечноста“
Она што Ејприл не го знаеше беше дека работниците продолжиле да го бараат изгубениот сувенир, дури и отстранувајќи панели од транспортната лента за да можат да ѕирнат внатре!
Нивните напори се исплатија! Четири часа подоцна, тие ѝ кажаа дека го пронашле дијамантот, објавува UPI.com.
„Ми ја вратија вербата во човештвото. Тие луѓе не ме познаваа. Не знаеја колку долго сум во брак, ниту пак вредноста на дијамантот, материјална и сентиментална. Но, тоа не им беше важно. Тие беа посветени на тоа да го прават она што е исправно“, рекла жената.
Таа веднаш се врати на аеродромот и го зеде ценетиот сувенир.