,,Го направив малиот Стојан” – Раперот ја извести јавноста дека станува татко, Оља Левиќ бремена (ВИДЕО)
Пејачот М.С. Стојан ги извести своите следбеници на својот Тикток профил дека го „направил малиот Стојан“.
Имено, Стојан објави видео со песната „Уска хлина“ која ја пее неговата колешка Барбара Бобак, а на своите фанови им порача дека со споменатата нумера го ,,направил” малиот Стојан.
– Кој сака нека честита – напиша во описот на видеото.
Избраничката на Стојан, актерката Оља Левиќ, очигледно е бремен, а фановите беа воодушевени од добрата вест.
„Браво цару“, „Честитки, да е жив и здрав“, „Честитки“, „Прекрасно е чувството кога ќе дознаеш дека ќе станеш татко“ – ова беа само дел од коментарите.