Го натерала синот да го направи ова само за да добие повеќе лајкови: Ова видео предизвика гадење кај луѓето, сакаа да ја пријават (видео)

Бидејќи клипот предизвика бес, инфлуенсерката потоа реши да го повлече и привремено да го избрише својот канал на YouTube.

Оваа мајка стана популарна, но на негативен начин, кога пред две години објави видео во кое му наредува на своето дете да позира плачејќи.

Неодамна ова видео повторно стана актуелно бидејќи некои јутјубери го критикуваа и изразија згрозеност кон него.

Мајка по име Шејен водеше свој блог, на кој беа прикажани спорните снимки. На снимката, таа му вели на својот син Кристијан, кој тогаш имал девет години, „да се однесува како да плаче“ само за да го сними видеото, додека момчето може да се слушне како и’ одговара на мајка си дека „всушност плаче“.

Бидејќи видеото предизвика незадоволство и осуда во јавноста, инфлуенсерката реши да го отстрани и привремено да го избрише својот канал на YouTube. Таа за American Insider изјави дека сака да се повлече од Интернет и да му даде приоритет на своето дете.

По петмесечна пауза, Шајен се вратила на својот канал и изјавила дека видеото повеќе не е достапно и дека повеќе нема да го користи синот во своите содржини.

Сепак, видеото повторно стана вирално на социјалните мрежи, особено на TikTok и Twitter, и привлече милиони прегледи.

Многу луѓе не беа свесни за контроверзноста околу овaa инфлуенсеpka додека видеото повторно не се појави.