ГО ОСВОИ СРЦЕТО НА НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО СКАНДИНАВИЈА И ПОВЕЌЕ НЕ МУ Е ГАЈЛЕ ЗА СПОРТОТ – Десет години е постар од неа, а тој е четирикратен светски шампион
Еден од најдобрите норвешки спортисти, Емил Иверсен, е во врска со најбогатата жена во Скандинавија.
Четирикратниот светски шампион во скијање Емил Иверсен (32 г.) проговори за врската со една од најбогатите жени во Норвешка, Бетина Буруд, која е милијардерка, а има само 23 години.
Тие двајца се во врска повеќе од две години. Бетина Буруд е ќерка на поранешниот сопственик на синџир супермаркети во Норвешка, Киви Пер-Ерик Буруд, кој загина во несреќа во 2011 година.
Бетина Буруд има 23 години, а магазинот Dagens Naeringsliv ја прогласи за најмлада милијардерка во Норвешка во 2019 година.
„Работиме многу добро заедно. Во врска сме две и пол години“, потврди Емил Иверсен.
Покрај тоа што беше четирикратен светски шампион во различни дисциплини, Норвежанецот Емил Иверсен освои и сребрен медал на Олимписките игри во Пекинг 2022 година во штафетата 4х10 километри.