Го платија 85.000 000 милиони евра а сега тренира со јуниорите! Дури и му забраниле пристап до клупскиот ресторан! (видео)

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Џејдон Санчо падна во немилостта на тренерот Ерик Тен Хаг.

Холандскиот стручњак ја исфрли ѕвездата на Јунајтед од тимот и му забрани од сите клупски соби наменети за првиот тим.

Кога во летото 2021 година пристигна од Борусија Дортмунд во трансфер вреден околу 85 милиони евра, навивачите веруваа дека англискиот репрезентативец во иднина ќе биде големо засилување и предводник на тимот. Сепак, Санчо не ги оправда големите очекувања.

Момчето кое на 137 натпревари за Борусија постигна 50 гола и 64 асистенции, целосно ,,загина” во Јунајтед. За клубот од Олд Трафорд на 82 натпревари постигна само 12 гола и забележа шест асистенции.

Сезонава на теренот мина само 76 минути, а на последните натпревари не беше ниту дел од тимот. Тен Хаг објасни дека причината е недоволно ангажирање на тренинзите.

Ова го налути Санчо, кој на социјалните мрежи ги демантираше тврдењата на холандскиот стручњак и рече дека е „жртвено јагне“.

Поради неговата изјава тој го загуби местото во тимот и сега тренира со јуниорскиот тим.

Британски „Дејли мирор“ открива дека добил забрана за влез во сите објекти за првиот тим, вклучувајќи го и ресторанот на клубот, додека не му се извини на Тен Хаг.

,,Мирор“ пишува дека Санчо постојано доцнел на тренинзите пред јавното расправија со Тен Хејг и дека тоа е една од причините поради која бил исфрлен од првиот тим.

Медиумите шпекулираат дека младиот фудбалер би можел да го напушти „Олд Трафорд“ веќе во јануари и дека Јунајтед е подготвен да прифати намалена цена за англискиот репрезентативец.