ГО СЛЕДИ СЕКОЈ ЧЕКОР НА МЕСИ: Кој е човекот кој 24 часа се грижи за Аргентинецот! (ВИДЕО)

Лионел Меси дефинитивно е во центарот на вниманието откако дојде во Америка, сите се тркаат да се сликаат, да добијат автограм, поради што реши да ангажира телохранител, кој го следи по цел ден.

За него се грижи поранешен специјалец на поморската единица „Фоки“, кој буквално 24 часа го следи најдобриот светски фудбалер.

Нема шанси да му пријдете без тој да биде присутен, најдобар пример беше една утакмица, каде што поранешниот маринец цело време беше покрај линијата на аут и следеше што се случува со Меси на теренот.

Интересно беше да се види специјален агент на крајот од натпреварот кога фоторепортерите влегоа да го сликаат Меси, тој беше таму, не им дозволи да го сликаат одблиску, веднаш застана како ѕид .

Инаку, поранешниот специјалец освен телохранител, има завршено и разни боречки вештини, дури е експерт за таеквондо, боксер….