ГО СМУВАЛА АКТЕРОТ ПРЕКУ ПОРАКИ, а сега уживаат во бракот: „МИ КАЖУВААТ ДЕКА СУМ СПОНЗОРУША, но имам 10.000 евра месечно и не ми е гајле!“
„Мојот сопруг е дебел, но не ми е грижа“
Девојката признава дека таа и нејзиното момче ги нарекувале најгрда двојка досега, но тоа не влијае на неа бидејќи заработуваат и до 10.000 евра месечно.
Откако ја објавија врската и бракот, еден вљубен пар се соочи со критики од луѓе кои ја осудија нивната врска и ја нарекоа лажна.
Јас сум слаба, а мојот маж е дебел, многумина велат дека сме најтажната двојка досега, но заедно заработуваме и до 10 илјади евра месечно, па кому му е гајле – изјави Сијена Кера, дваесет и осумгодишна девојка од Сиднеј, Австралија.
Имено, Сијена Кера, фитнес ентузијаст, ја гледала британската хит серија „Луѓето само не прават ништо“ кога веднаш ѝ паднал во око еден од ликовите Крег, кој го игра Џорџ Кејвуд (28).
И покрај растојанието меѓу двајцата, Сиена направи чекор и му испрати порака на актерот. Набрзо се запознале и започнале врска која ги одвела до олтарот.
Сепак, откако ја објавија врската и бракот, и двајцата се соочија со критики од луѓе кои претпоставуваа дека се што прават е лажно, а самиот актер беше безмилосно нападнат поради килограмите.
@siennakeywood Today is our wedding anniversary 🤍
♬ Kulture Klub (Sped up Version) – Lucy Tun
Во многу наврати му било кажано да се оддалечи од социјалните мрежи, додека витката Сијена ја обвинувале дека е со него само поради пари.
– Сигурно е луда ако сака да се омажи за тебе – рекле многумина на овој пар.
Парот се обиде на многумина да им објасни дека не е како што изгледа, бидејќи заработуваат неверојатни 10 илјади евра месечно споделувајќи го својот живот на Интернет.
– Луѓето ме нарекуваат „спонзоруша“ и велат дека Џорџ можел да размисли за своето здравје – вели Сијена, која признава дека и кога била многу помлада сакала поголеми момци, додека на сите нејзини пријателки мажите оделе во теретана.
Парот сака да ја скрши стигмата околу изгледот во врските и да тврди дека никој не мора да се менува за да најде љубов или да биде среќен.
– Апсолутно ги сакаме нашите животи и изградивме живот за нашиот син за кој не верувавме дека е возможен – вели овој пар.
Парот троши три часа дневно создавајќи содржини и велат дека еден месец може да им донесе добар приход.
@siennakeywood ♬ What a Wonderful World – Piano Instrumental
Тежината на Џорџ не го спречува да прави нормални работи, тој се уште може да оди на шопинг и за Оливер е одличен татко – изјави Сиена.
Сепак, иако нивниот однос е одличен, Сиена вели дека добива дури и некои ужасни пораки за кои вели дека се труди да не ги земе при срце.
– Дури и се закануваа дека ќе ме силуваат, тоа е ужасно. Сега ова е наша работа, се фокусираме на позитивни работи, па дури и кога добиваме коментари со омраза, добиваме повеќе прегледи, повеќе реклами и повеќе зделки со брендови за да не го земаме при срце – рече таа.