ДОМАШЕН СИРУП КОЈ ПРАВИ ЧУДА ЗА КРВНАТА СЛИКА: Ја регенерира крвта, го зајакнува имунитетот, го чисти црниот дроб и лесно се прави

Веќе по една недела ќе ги забележите првите промени, а за два месеци вашите резултати ќе бидат одлични!

Овој сируп е многу здрав и наменет за луѓе со слаба крвна слика. По една недела ќе ги забележите првите промени, а за два месеци крвната слика ќе ви биде одлична. Освен што ја подобрува крвната слика, сирупот од цвекло за многу кратко време значително го зајакнува имунитетот, а сето тоа благодарение на големото количество минерали и витамини што ги содржи.

Покрај протеините, мастите и јаглехидратите, цвеклото содржи и минерали како што се калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, бром и други. Содржи и витамини Б1, Б2, Ц во големи количини, како и витамин Б12, кој е исклучително редок.

Антоцијанот ја дава црвената боја на цвеклото и во исто време влијае на регенерацијата на крвта. Јодот го забавува процесот на стареење и го зајакнува здравјето на коските. Бетанинот го регулира крвниот притисок, го намалува холестеролот, ги чисти крвните садови и го стимулира црниот дроб.

За да подготвите сируп од цвекло ќе ви требаат:

  • – 1 кг цвекло,
  • – половина килограм моркови,
  • – 2 портокали,
  • – половина килограм кисела јаболка,
  • – 1 лимон,
  • – 500 грама домашен мед.

Подготовка:  Цвеклото, морковот и јаболката излупете ги и ситно исечкајте ги и ставете ги во соковник. После тоа, додадете сок од портокал и лимон и мед. Сè добро измешајте и истурете во стаклено шише. Пијте го овој сируп секое утро на празен стомак, околу 1 dcl разреден со вода. Забелешка: Природните лекови им помагаат на луѓето. Меѓутоа, доколку имате здравствени проблеми, прво нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар. Во никој случај не треба да се потпирате само на алтернативна медицина без стручно мислење.

Консултирајте се со вашиот лекар пред да користите било какви билни препарати или лекови.