Го стигна клетвата на Северина: Игор Којиќ повторно сам – ,,Не го бива”

Љубовниот живот на актерката Теодора Бјелица отсекогаш заинтригирал дел од јавноста, откако таа со сите сили се трудеше да го сокрие тоа, особено откако започна романса со синот на фолк пејачот Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ. Сега, таа не ни трепна, и проговори без трошка èдвоумење и истакна дека ставиле точка на нивната романса.

Поранешниот фудбалер и актерката ги прекинаа сите контакти откако ја прекинаа споменатата врска. Причините за раскинувањето сè уште не се објавени, но познавачите на врската велат дека нивните различни интереси, како и тоа што Којиќ не сака сериозна врска ги оддалечилo.

– Игор и Теодора раскинаа пред неколку недели. Иницијатор беше Теодора, која сфати дека поранешниот сопруг на Северина воопшто не е за неа. Така и велеа сите нејзини пријатели, но таа беше навистина вљубена во него. Меѓутоа, со текот на времето почнале несогласувањата, а таа сфатила дека Игор не сака сериозна врска и дека тој не е за неа. Сето тоа почна да ја гуши. Таа седна со него и му објасни дека засега најдобро е да се одморат. Игор се согласи со нејзината одлука. Не страдаше долго, веќе некое време излегува со друштвото. Едноставно се опушти, па не треба никого да изненади ако наскоро најде нова девојка – изјавил извор близок до медиумите.

Бјелица истакна и дека раскинувањето на врската е неизбежно, бидејќи престанале да се сакаат. Многумина коментираат дека Игор сигурно бил проколнат од поранешна девојка, дека не го бива во љубов, бидејќи навистина ништо не направил на тоа поле.