Го терал синот (6) да трча до истоштеност за да ослабе, детето починало во агонија: Се појави грозоморно видео од теретана
Кристофер Грегор (31) од Америка се најде на суд поради смртта на својот шестгодишен син Кори, кого го принудувал да трча на лента за трчање во теретана додека не се исцрпи за да ослабе.
За време на судењето, беше прикажано застрашувачко видео од безбедносните камери, направено на крајот на март 2021 година, на кое се гледа како момчето се обидува да трча со ненормална брзина додека неговиот татко го гледа. Кога исцрпеното момче ќе падне, таткото го зема и го враќа на појасот од машината и така натаму.
Во еден момент се гледа како Кристофер му ја гризе главата на момчето и го тера да се врати на тренинзите.
Се верува дека лентата за трчање била програмирана за најголема можна брзина и наклон, поради што момчето паднало и се мачило да се врати на лентата за трчање.
Неколку дена по тортурата во теретана, мајката на момчето, која имала заедничко старателство со Кристофер, го однела детето на лекар кога момчето се пожалило дека не му е добро и и’ кажало низ што поминало во теретана.
Следниот ден момчето едвај се разбудило, тешко дишело, било збунето и се пожалило на мачнина. Тогаш татко му го однел на лекар и му била направена итна магнетна резонанца, при што момчето добило напад и набргу починало и покрај напорите на лекарите да го спасат.
Првите наоди од обдукцијата покажаа дека детето претрпело тапа траума на срцето и црниот дроб. Таткото на Кори беше уапсен во јули 2021 година и се соочува со доживотен затвор.
Инаку, кога за време на судењето во вторникот се пушти видеото од мачењето на детето во теретана, Кристофер мирно гледал додека мајката на Кори, Бре, неутешно плачела.
За време на сведочењето, таа рече дека морала да го моли Кристофер да и’ дозволи да го однесе нејзиниот син на лекар првиот пат кога ќе се согласи. Наводно, за време на прегледот, малото момче им кажало на лекарите дека татко му го терал да трча непрекинато бидејќи имал вишок килограми.
Следниот ден, поточно 2 април, Кори едвај се разбудил и кога ги отворил очите почнал неповрзано да зборува и да мрмори, жалејќи се на гадење. Потоа Кристофер го однел во болница, каде момчето починало на крајот на истиот ден.