Го убила бебето со ножици, снимале сè, a снимките му ги испратила на таткото! Уште еден трагичен случај во Франција: Тинејџерка (17) веднаш уапсена!
17-годишна мајка е осомничена дека го убила своето новороденче во текот на викендот, откако телото на бебето било пронајдено во Тараре, во источна Франција.
Мајката е уапсена, според локалните медиуми, додека е отворена судска истрага за „убиство на малолетник на возраст под 15 години“, која продолжува во надлежност на истражен судија, соопшти обвинителството, потврдувајќи ги информациите од дневниот весник „Ле прогрес“.
Телото на новороденчето било пронајдено ноќта меѓу саботата и неделата. Старателството на мајката, според медиумите, било суспендирано на одредено време од „медицински причини“.
Откриени застрашувачки снимки
Полицијата на местото на настанот пронашла и видео, за кое се верува дека младата мајка му го испратила на неименуван маж, кој би можел да биде таткото.
Токму тој ја алармирал полицијата ноќта од саботата кон неделата, околу 3.30 часот наутро. Полицијата интервенирајќи во станот на мајката на младата жена открила тело на новороденче кое имало смртоносни повреди нанесени со ножици.
Телото на новороденче било пронајдено завиткано во чаршаф, скриено под креветот. Во семејниот стан во моментот на инцидентот биле мајката на осомничената и нејзините други деца. Според извор близок до случајот, оваа трагедија би можела да биде последица на несакана бременост на тинејџерката.
Втор таков случај за неколку дена.
За потсетување, полицијата денеска идентификуваше студент (18) кој уби новороденче, а потоа го фрли од прозорецот на хотелската соба во Париз.