Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке, за кои постои основано сомнение дека како соучесници сториле кривично дело „убиство“ по чл.123 ст.2 точка 4 од Кривичниот законик.
„Осомничените на возраст од 20 и 25 години од алчност му го одзеле животот на својот соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат разбојништво во куќата на оштетениот. Помладиот брат го разбудил и го извадил надвор под изговор дека сакал да му купи малку ракија и заедно и неколку пати го удриле со предмет“.
„Пребарувајќи по џебовите на оштетениот, одзеле 6.000 денари кои ги поделиле меѓу себе, а потоа ја пребарале куќата и другите помошни простори. На крајот, телото му го полиле со бензин и го запалиле, а потоа го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења.
„По предлог на јавен обвинител, Основниот суд Куманово на двајцата осомничени им одреди мерка притвор на кои им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа до целосно расчистување на настанот“, соопшти Обвинителството.