Фатмир Реџепи од Секторот за внатрешни работи – Тетово, изнесе детали од синоќешниот инцидент во Гостивар, каде што неколку вооружени и маскирани лица ограбиле златарница во центарот на градот.
Реџепи рече дека луѓето зеле околу 18 килограми злато во вредност од 1,8 милиони евра.
„Вчера беше ограбена златара во Гостивар, каде крадците одзедоа 18 килограми злато, во вредност од 1,8 милиони евра. Возилото што се користело за време на грабежот е пронајдено изгорено на патот за Маврово“, рече Реџепи.
Тој додаде дека возилото е испратено на увид, додека по сторителите сè уште се трага.