Градат фабрики за чипови, но не сметаа на ова

Во Германија се планира изградба на нови фабрики за чипови, многу потребни на индустријата.

Државата ја помага изградбата, но тоа не е доволно. Мора да тргне во „офанзива“ да најде стручњаци кои ќе работат во тие фабрики, соопштуваат од здружението Битком.

„Ако користиме милијарди пари на даночните обврзници за поддршка на нови фабрики за чипови, тогаш ни требаат и финансиски средства за обука на квалификувани работници кои ќе работат таму, без разлика дали од федералната влада или од провинциските буџети“, рече претседателот на Bitcom, Ралф Винтергерст.

Сега има 137.000 слободни работни места во ИТ секторот, изјави Винтергерст за весникот Минхен Меркур (Münchner Merkur) во понеделникот.

Производителите на чипови планираат фабрики во Магдебург и Дрезден благодарение на државната помош. Околу 90 отсто од индустриските компании во Германија се потпираат на полупроводници, а за 80 отсто тие се неопходни.

Претседателот на Битком апелираше да се олесни доселувањето на квалификувани работници во Германија бидејќи тие можат да се вработат низ целиот свет.

Бирократските процеси во Германија сè уште се „толку незгодни што всушност стојат на патот на политичката волја да се доведат врвни луѓе во Германија“, рече Винтергерст.

Дополнително, неопходно е во германските училишта и универзитети повеќе млади да се занимаваат со дигиталната економија и микроелектрониката, особено девојките и младите жени.