Почитувани граѓани на општина Пласница,
На предлог на Градоначалникот на општина Пласница, Советот на општина Пласница на 34-та седница ја донесе Програмата за мерките и активностите на општина Пласница во областа на социјалната заштита во 2025 година. Оваа програма по втор пат се носи во работењето на општина Пласница, чија основна цел ќе биде обезбедување на активен однос на општина Пласница кон задоволување на потребите и интересите на граѓаните од областа на социјалната заштита и одредување на приоритети во решавање на истите во рамките на своите законски овластувања за доброто на своите граѓани.
За реализација на оваа програма се предвидени сопствени финансиски средства во буџетот на општина Пласница за 2025 година и тоа за следните намени:
1. Еднократна парична помош на стари и изнемоштени лица, над 65 годишна возраст, корисници на социјална сигурност на стари лица во износ од 6.000 денари.
2. Еднократна парична помош на лица со здравствени потреби (хируршка интервенција/набавка за лекови), корисници на право од социјална заштита и самохрани родители во износ од 3.000 – 6.000 денари.
3. Еднократна парична помош на деца со посебни потреби до 26 годишна возраст и на лица со попреченост од 26 до 65 годишна возраст во износ од 6.000 денари.
4. Помош на лица погодени од елементарни непогоди пожар, поплави итн.Во износ од 30.000-100.000 денари.
5. Eднократна парична помош за првото дете родено во 2025 година, родено на територија во РСМ, со место на живеење во општина Пласница во износ од 30.000 денари.
6. Eднократна парична помош за секое новородено дете во 2025 година родени на територија во РСМ, со место на живеење во општина Пласница во износ од 20.000 денари.
7. Училишен прибор за сите запишани првачиња во износ од 2.000 денари по ученик.
8. Награда на учениците од 1-9 одделение за освоени места на регионален или државен натпревар и тоа: I – 10.000 денари, II – 8.000 денари и III – 5.000 денари.
9. Еднократна парична помош за самохрани родители корисници на право од социјалназаштита, со место на живеење на општина Пласница во износ на 6.000 денари
Граѓаните на општина Пласница кои припаѓаат на горенаведените категории можат да го остварат своето право почнувајќи од 01.01.2025 година со поднесување на барање и останата документација до архивата на општина Пласница.
Со почит
Градоначалник
Алија Јаоски