– Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска се сретрна со Јожеф Нозе, претставник на компанијата GH HOLDING од Љубљана, која се занимава со иновативна технологија за преработка на отпад.
На средбата, како што информираат од општина Гостивар, се презентираа три иновативни еколошки технологии: преработка на фекални води, преработка на ѓубрива и нивно претворање во енергија.
-Преку иновативните технологии се заштитува животната средина и здравјето на луѓето, се намалуваат трошоците за управување со отпадот, а се произведува енергија во форма на топла вода, пареа или струја. Општина Гостивар ќе ја разгледа можноста за имплементација на ваквите иновативни технологии во Гостивар, порачуваат од општината.