Градоначалник е ликвидиран додека се враќал од пат: Напаѓачите го запреле автобусот, влегле со негова слика, а потоа отвориле оган (ФОТО/ВИДЕО)
Неодамна избраниот градоначалник на мексиканскиот град Копа беше убиен во понеделник рано наутро во автобус во близина на Акапулко.
Канцеларијата на државниот обвинител на Герера соопшти дека пензионираниот морнарички капетан Салвадор Вилалба (53) се враќал од состанок со воени претставници во Мексико Сити кога вооружени лица го пресретнале автобусот.
Миленио објави дека тројцата напаѓачи прво го извлекле возачот од автобусот. Двајцата потоа влегле во возилото и го споредиле Вилалба со фотографијата што еден од нив ја имал на паметен телефон пред да почнат да пукаат. Во таа прилика била удрена и жена која била во автобусот. Жената е пренесена во локална болница и е во стабилна состојба.
Организацијата за човекови права Data Civica соопшти дека најмалку 34 политички кандидати се убиени пред изборите во Мексико на 2 јуни. Администрацијата на сега веќе поранешниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор регистрирала само 23 убиства.
Вилалба реши да се кандидира откако неговиот пријател Хесус Гонзалес, лидер на Мексиканската Еколошка партија на зелените, беше убиен во јуни 2023 година. Миленио објави дека на Виљалба му биле понудени пари да се откаже од трката на почетокот на неговата кампања, но одбил да го стори тоа. Тој се кандидираше за партијата Движење за напредок на Мексико и победи со 39 отсто од гласовите.
Вилалба имаше двајца федерални полицајци задолжени за неговата безбедност, но заштитата важеше само додека тој патуваше во државата Гереро.
Вилалба се огласи на Фејсбук во неделата за да сподели серија слики и видеа на Денот на таткото од него и неговиот татко. Во својата последна објава тој им се заблагодари на поддржувачите што го избраа за градоначалник.
– Народот ме следи и нема да го изневерам – изјави Вилалба.