ГРАДОНАЧАЛНИК ПУКАЛ ВО СОПРУГАТА И НЕЈЗИНИОТ ЉУБОВНИК: Цела земја беше во шок, среде ноќ влетал со џип во куќата и испукал 15 куршуми 

Градоначалникот на еден мал град во Бразил , кој е осомничен дека пукал во неговата разведена сопруга и нејзиното момче, им се предал на властите.

Накојтан Леите, градоначалникот на централниот град Ипора, се појави пред полициската управа во четвртокот наутро.

– Очигледно не се сеќава на инцидентот. Тој изјави дека има губење на меморијата поради неколку фактори и дека не знае што точно се случило – изјави началникот на цивилната полиција Рамон Кеирош.

Леите е во бегство од рано наутро во саботата, откако надзорната камера го снимила моментот кога се појавил во домот на неговата сопруга. Тој со својот џип влегол во вилата , по што испукал 15 куршуми кон сопругата и нејзиниот љубовник, кои се криеле во спалната соба.

Никој од нив не е повреден.

-Тврди дека се разбудил на спореден пат и не се сеќавал на ништо – додаде Кеирош.

Градоначалникот се соочува со две обвиненија за обид за убиство. Тој бил сослушан во полициска станица и му го предал оружјето што наводно го користел во престрелката. Потоа бил префрлен во затворот во Ипора.

Двојката се разведе по 15 години

Адвокатот на градоначалникот, Талес Хаиме, изјави за G1 дека се надева дека судијата што претседава со случајот ќе размисли за неговото ослободување од затвор бидејќи доброволно се предал.

Сопругата на Леите изјави за ТВ Анханџер дека тој пристигнал во домот извикувајќи го нејзиното име неколку моменти пред да влезе со својот џип во куќата кршејќи го стаклото во кујната.

– Сигурна сум дека дојде да ме убие – рекла жената.

Двојката беше во брак 15 години пред да решат да се разделат пред два месеци.

Бразилската онлајн новинска агенција „Метрополис“ доби снимка од разговорот во кој се слуша како Леите му кажува на едно лице дека го извршил злосторството „неразумно“ и дека љубовникот на неговата сопруга претходно му се заканувал.

– Работата е што типот веќе беше во врска со мојата поранешна сопруга, тоа беше причината за раскинувањето, никому не кажав, но тоа беше причината, разбираш? Тогаш типот почна да ми се заканува. Знаеш дека не сакам закани, го изгубив умот, разбираш. Не требаше да го сторам тоа. Сега е готово, нема шанси да го вратам, но многу ви благодарам за поддршката “, рече Леите.