„Градот на надежта“ донесе нова надеж во борба против канцерот

Американските научници развија лек во форма на таблета која при претклиничките тестови ги „уништила“ сите цврсти видови на рак и ги оставила здравите клетки непроменети.

Научниците од „City of Hope“, една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во која детално се опишани првите резултати од тестот за „таблети за убивање рак“ AOH1996.

Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачкиот клеточен нуклеарен антиген (PCNA) – протеин кој во својата мутирана форма е „клучен“ во репликацијата на ДНК и „поправката“ на сите тумори кои се шират, велат од City of Hope.

Линда Малкас, професорка на Катедрата за молекуларна дијагностика и експериментална терапевтика во Медицинскиот центар во Калифорнија, го развива лекот во последните 20 години.

Малкас рече: „PCNA е како главен центар на аеродромски терминал кој содржи повеќе влезови за авиони“.

„Податоците сугерираат дека PCNA е единствено изменет во клетките на ракот, а овој факт ни овозможи да дизајнираме лек кој ја таргетира само формата на PCNA во клетките на ракот“, додава Малкас.

„Нашето апче за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар на авиокомпаниите, затворајќи ги сите дојдовни и појдовни летови само на авионите што носат клетки на рак“, рече таа.

Професорката ги нарече резултатите „ветувачки“ и рече дека истражувањето покажало дека AOH1996 може да го потисне растот на туморот кај клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек.

Се покажа дека таблетата е ефикасна во лекувањето на клетките кои потекнуваат од рак на дојка, простата, мозок, јајници, грло на матката, кожа и бели дробови.

Според истражувачкиот центар, лекот е тестиран на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е утврдено е дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките

PCNA претходно се сметаше дека „ е недостапен за лекови“.

Водечкиот автор на студијата, Лонг Гу, рече дека „никој никогаш не ја таргетирал PCNA со лек затоа што се сметало дека е неостварливо, но очигледно „City of Hope“ успеал да развие лек за предизвикувачката цел.

Студијата е објавена во списанието Cell Chemical Biology.

ТРТ БАЛКАН