Град Скопје со нови специјално адаптирани моторни возила овозможува полесно движење на децата и лицата со потешка телесна инвалидност
Градот Скопје со новите специјално адаптирани моторни возила, овозможува полесно движење на децата и лицата со потешка телесна инвалидност. Новите возила се посебно адаптирани со автоматски управувана рампа за инвалидска количка и друга опрема која осигурува безбеден превоз на лицата корисници.
Со новите возила Град Скопје обезбедува грижа, инклузивност и безбедност, како и подобрување на условите во секојдневието за лицата со попреченост.
Организираниот бесплатен превоз за лицата со потешка инвалидност во Скопје се реализира со девет посебно адаптирани возила, еден мини бус и еден автобус со автоматски управувана рампа за инвалидска количка и друга опрема која ја обезбедува безбедноста на корисниците, а дневно услугата ја користат околу 40 лица.