‘ГРАЃАНИТЕ’ ОДАТ ПО НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ – Манчестер Сити е во преговори за доведување на моќен напаѓач од Франција
Фудбалскиот клуб Манчестер Сити преговара со Рен за доведување на Џереми Доку.
Англискиот шампион е во потрага по нов напаѓач откако го продаде Ријад Махрез на саудиски Ал Ахли за 30 милиони фунти, а Џереми Доку е прв кандидат, објави денес Sky Sports.
За 21-годишниот белгиски фудбалер ова лето беа заинтересирани многу клубови од Премиер Лигата.
Sky Sports објави дека Рен ја одбил понудата на Вест Хем за Џереми Доку на почетокот на месецот и дека лондонскиот клуб нема да се врати со нова понуда, бидејќи сега се вклучи Манчестер Сити.
Џереми Доку беше стрелец на првите два натпревари оваа сезона во француската лига, а минатата сезона постигна шест гола во првенството.
Тој може да биде третото големо засилување на Манчестер Сити во летниот преоден рок, по потписот на Јошко Гвардиола и Матео Ковачиќ за вкупно 107,6 милиони фунти.