Во случај на силна болка во грбот, мора да побараме помош од специјалист
Кога страдате од болки во грбот, понекогаш сè што сакате да направите е да останете во кревет, но лекарите велат дека тоа е најлошото нешто што можете да си го направите!
Всушност, останувањето во кревет ја зголемува болката во грбот, посочува Германското здружение за ортопедија и трауматологија.
Наместо да останете во кревет, треба да пешачите, пренесува Телеграфи.
Болката во грбот е честа појава, особено неспецифична болка во долниот дел на грбот. Стресот, недостатокот на вежбање, оптоварувањето на мускулите, па дури и психолошките проблеми го предизвикуваат.
На луѓето кои страдаат од болки во грбот им се препорачува секаков облик на физичка активност, велат експертите.
Внимателно вежбање ги подмачкува зглобовите, ја подобрува подвижноста на ‘рбетот и ги зајакнува мускулите.
Лекарите не препорачуваат масажа или акупунктура, но таквите третмани може да се користат како дополнување на физичката активност.
Ако болката е толку силна што го попречува движењето или го оневозможува одржувањето на нормалната положба на грбот, лековите за ослободување од болка обезбедуваат привремено олеснување.
Во случај на силна болка во грбот треба да се побара помош од специјалист, за да се утврди сериозната причина за проблемот, како на пр. фрактури или пролапс на дискот, имено промена на неговата природна положба.