Грешки што ги прават паровите кога ќе станат родители за прв пат

Доколку немате претходно искуство, родителството ќе ви биде вистински предизвик. Сепак, како и со многу работи во животот, ќе научите од вашите грешки.

Грешки типични за оние кои првпат се среќаваат со родителството и воспитувањето деца.

Не ги споделувате одговорностите

Бебињата се создаваат благодарение на две лица. Доколку ја имате таа опција, логично би било вие и вашиот партнер подеднакво да учествувате во грижата за детето. Така секој од вас ќе го добие слободното време, но подобро ќе се научите и разбирате.

Не уживате во моментот

Во обид да бидете совршен родител, често заборавате да уживате во моментот. Внимавајте наеднаш да не сфатите дека вашето дете пораснало, а вие не знаете како и кога тоа се случило.

Го очекувате најлошото

Секој од нас има различни очекувања, но често новите родители веруваат дека го чека само најлошото – тешко породување, компликации, непроспиени ноќи… Сепак, таквиот став е сосема погрешен.

Го игнорирате партнерот

Кога станува збор за вашата врска со партнерот, станувањето родител може да го земе својот данок. Многу нови родители се толку зафатени со грижата за своето новороденче што забораваат на потребите на партнерот.

Ве фаќа паника поради ситници

Почетните фази на родителството ќе бидат хаотични и обележани со непотребна паника. Мора да научите да се опуштите, бидејќи паниката ќе ја влоши секоја ситуација.

Не се грижите за себе

Една од најчестите грешки е игнорирањето на сопствените потреби, но грижата за себе и за време и по бременоста е клучна.

Верувате во се што ве советуваат другите луѓе

Сосема е јасно и очекувано дека ќе научите многу од луѓето кои се поискусни во овој животен предизвик. Не верувајте во се што ќе ви кажат.