Грковска: Надлежните институции си ја вршат својата должност да имаат систем отпорен на корупција

Детална анализа на наодите од последниот извештај на Европската комисија во проценката на состојбата со корупцијата во Македонија, беше главната поента на денешната седница на Меѓусекторското тело за координација на антикорупциските активности, со која претседаваше заменик-претседател на Владата одговорна за политика на добро владеење, Славица Грковска.

Претставниците на институциите кои се дел од ова координативно тело зборуваа и за наодите и препораките во извештајот на ЕК и информираа за следните и идни чекори што ги преземаат во рамките на нивните надлежности.

Како што соопшти владината служба за информирање, нагласувајќи дека извештаите на Европската комисија секогаш даваат реална слика, вицепремиерката Грковска истакна дека сите институции мора сериозно да ја сфатат својата должност и што поскоро да дадат директен придонес за подобрување на состојбите поврзани со за борба против корупцијата.

„Сите треба да имаме иста цел. Да имаме ефикасен систем отпорен на корупција и влијание, систем кој работи непристрасно, затоа што тоа го очекуваат граѓаните. Преку ноќ нема радикални промени, но секој треба што побрзо да го направи тоа што е потребно во својот интегритет“, рече вицепремиерката Грковска.

Во таа насока, на средбата беше заклучено дека до 15 декември просекот на законските решенија кои се изготвени, а се блокирани во собраниска процедура, просекот на потребните измени на законските и подзаконските акти од оваа област, да се дефинира конкретните активности на краток, среден и долг рок за секоја институција, кои во пракса ќе презентираат акционен план за работата на Меѓусекторското тело, како и ќе подготват критериуми за транспарентност во користењето на донаторските средства и кредитираните проекти.

На состанокот учествуваа и претставници од граѓанскиот сектор, како набљудувачи, следејќи ја работата на Меѓусекторското тело.