Официјалните лица ги користат последните неколку дена за да учествуваат на промотивни настани. Во рамките на предизборната кампања, заменик Премиерката Славица Грковска ги повика колегите да не користат практики од изминатите избори. Тогаш Антикорупциската комисија констатира злоупотреба на државните ресурси, особено на службените автомобили за партиски цели.
Мора да се прави разлика меѓу партиски и државни активности, а државните ресурси не може да се злоупотребуваат за партиски и предизборни цели“, рече Грковска.
Грковска оценува дека предупредувањата се доволни за да се влијае на свеста и однесувањето на нејзините службени колеги.
Претходно од Антикорупциска изјавија дека строго ќе ги следат активностите на функционерите во овој период и потсетија дека има забрана за најавување нови инвестиции и други активности.