Гробниците на борците од групата Вагнер од ден на ден се зголемуваат – Пригожин стоејќи пред гробовите брутално искрен: “Така функционира животот…“

Првиот човек на руската приватна воена група Вагнер, Евгениј Пригожин, денеска призна дека неговите луѓе се уште трпат загуби во борбите во Украина.

Пригожин ова го изјави при посетата на гробиштата Горјачиј Кључ, каде се погребани паднатите борци од оваа единица.

На видеото што го објави неговата прес-служба на социјалната мрежа ТелеграмПригожин може да се види како стои пред неколку десетици гробови на кои се положени венци со цвеќиња.

Тука сè уште се закопани борците на Вагнер, тие гробишта ќе ги направиме споменик за идните генерации“, вели Пригожин во видеото.

Тој во видеото призна дека гробиштата од дена на де се повеќе се прошируваат.

Оние кои се борат понекогаш умираат. Така функционира животот“, вели тој.

Руските власти дадоа малку информации за загубите што ги претрпеа во Украина од почетокот на инвазијата започната во февруари 2022 година.

Последниот официјален извештај за загуби што го обезбеди Министерството за одбрана на Русија датира од септември 2022 година и зборува за 5.937 загинати војници.

Ова не ги вклучува борците на Вагнер, кои официјално не се дел од војската.

Според западните проценки, повеќе од 150.000 руски сили, меѓу кои и групата, Вагнер и проруските сепаратисти од Украина, се верува дека се мртви и ранети.

Борците на Вагнер се на првата линија на фронтот во битката за градот Бахмут во источна Украина, каде двете страни претрпеа големи загуби.