ЕРЛ Чарлс Спенсер денеска твитна фотографија од островчето на езерото на неговиот имот Алторп, каде што се наоѓа гробот на принцезата Дијана. Фотографијата од островчето во раните утрински часови воодушеви многу обожаватели на покојната принцеза кои веруваат дека Дијана добила прекрасно место за последното почивалиште.
Откако беше погребана во септември 1997 година, фотографија од нејзиниот гроб никогаш не е видена во јавноста и е невозможно да се посети. Пристап има само семејството на принцезата. Принцезата била погребана во Алторп, каде што пораснала, а нејзиниот брат сметал дека тоа е соодветно поради страв од кражба.
Наместо да одат во гробот, обожавателите на принцезата можат да одат да положат цвеќе на нејзиниот голем споменик на истиот имот.