ГРОЗОМОРЕН НАСТАН – Три млади девојки заминале на плажа но никогаш не се вратиле: “Биле мачени, тепани, силувани, им биле исечени грлата а биле пронајдени во…“ (фото)

Телата на исчезнатите Најли Тапија (22 г.), Јулијана Масијас (21 г.) и Дениз Рејна (19 г.) биле пронајдени минатата недела покрај реката Есмералдас недалеку од градот Кининда во северозападниот дел на Еквадор.

Според информациите од местото на настанот, девојчињата биле мачени, им биле исечени грлата, а биле пронајдени во плиток импровизиран гроб. Телата биле пронајдени откако локални рибари забележале кучиња како се задржуваат на брегот на реката и душкаат во земјата.

Рибарите за се ги информирале локалните власти откако забележале многу непријатна миризба.

Полицијата го истражува случајот, а семејствата на девојчињата стравуваат смртта на Тапија, Масијас и Рејна да не е поврзана со трговијата со дрога, пишува Daily Mail.

Локалните медиуми објавија дека и девојките биле врзани, а устата им била покриена со завои.

Беа млади, облечени за на плажа, во костими за капење, лесна облека, кратки панталони“, изјавил полицаецот Диего Веластеги за медиумите.

Девојките потекнуваат од градот Санто Доминго де лос Качилас, кој е на околу 80 километри од местото каде што се пронајдени. Последен пат биле видени на 4. април, кога отишле на плажа.

Откако не се вратиле дома и не одговарале на повиците, нивните семејства пријавиле дека се исчезнати. Семејствата велат дека не ги познаваат луѓето со кои девојките требало да заминат на плажа.

Првите информации велат дека девојчињата биле убиени во селото Малимпији, кое е на околу 15 километри од Куининде. Полицијата наводно го лоцирала автомобилот со кој се превезувале девојчињата до местото каде што биле убиени. Покрај тоа, полицијата во близина на телата на девојките пронашла мобилен телефон и се надева дека ќе им помогне да го разрешат случајот.

Масијас била пејачка, а еквадорските медиуми велат дека видеото од нејзиното пеење во ресторан што кружи на социјалните мрежи можеби е последното видео на кое е жива.

Најели пораснала во градот Санто Доминго де лос Качилас, но живеела во Кито, главниот град на Еквадор. Таму работела како модел.

Рејна студирала земјоделско инженерство на Државниот технички универзитет во Кеведо, Еквадор.

Ние сакаме само правда. Ако некој нешто знае, треба да одговара за ова страшно убиство, односно три убиства што се случија во еден ден“, изјавила Паулина Руеда, тетка на Јулијана Масијас.

Руеда за медиумите изјавила дека таа и нејзините роднини добиваат закани по живот дколку продолжат со напорите за барање правда.

Ќе бидам упорна иако животот ми е во опасност“, додала Руеда и побара од јавноста смртта на девојчињата да не се поврзува со шверцот на дрога во оваа земја.